речник контакт

Во регионот на Азот се произведува еколошки здрава храна

Храната од регионот на Азот се наоѓа на трпезите низ земјава, но малкумина од консументите знаат од каде таа потекнува и дека станува збор за производи од здрава и еколошки чиста животна средина.

Петар Печков

Храната од регионот на Азот се наоѓа на трпезите низ земјава, но малкумина од консументите  знаат од каде таа потекнува и дека станува збор за производи од здрава и еколошки чиста животна средина. Посетителите овој крај  го нарекуваат втор Галичник, бидејќи тука нема индустриски капацитети, има мал интензитет на сообраќајот,  нема чад и загадување, затоа пак изобилува со шума , планински реки, чист воздух. Реонот на Азот е идеален за одгледување на органска храна, поради што Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во селото Извор го организраше третиот саем на здрава храна, насловен „Поблиску до природата“ кој се одржа во селото Теово, општина Чашка.

- Сакаме на јавноста да и презентираме земјоделски производи и храна кои потекнуваат од регионот на Азот и се карактеристични дека се од незагадена средина. Здравата храна  не се сојата и макробиотиката, туку токму овие производи месо, млеко или мешункасти производи, овошје или зеленчук кои се со потекло од вакви средини– вели Нина Маркова директорка на училиштетот и организатор на Саемот. Цел е популаризирање на еколошки прозиводи, но и можноста за нивен пласман и продажба. На тој начин жителите би останеле тука, ќе има деца а со тоа и училиштата од овој крај ќе продолжат да работат. Во салата  на подрачното училиште, локалните земјоделци имаа можност да ги презентираат нивните земјоделски и градинарски производи на дваесетина производители од Оморани, Извор, Мартолци, Ореше, Теово, Стари Град, Богомила.

- Произведуваме здрава храна, која за жал малку е позната и пласманот е наш најголем проблем. Токму оваа манифестација може да послужи да се слушне за нас како производители - вели Борис Николовски земјоделец од Теово, кој продадаваше компир, кој го одгледува со арско ѓубре а од минатата година започнал со одгледување и бадеми. Поради одличните услови за развој на полжавите и печурките, најголемиот македонски производител  со 10 тони полжави годишно,фирмата ,,Агролинк,, нивнита фарма ја  преселиле од Велес во Чашка. Причина за преселбата е изобилството на чиста планинска вода од реките Тополка и Бабуна. На саемот имаше и тројца гости од САД, од Мировниот корпус кои работат во овој дел од Македонија. Сите тие се воодушевени од храната што тука можат д? ја набават.

- Овој саем е одлична идеја да се промовира здравата храна но можност економски да се развие регионот преку популаризирање на потенцијалите кои ги има во земјоделието- изјави Џенифер Рид која купи неколку тегли мед. Еден од најпрепознатливите  дестинации за Азот е рибникот на Трајче Димовски од село Нежилово, каде на листата на гости се многу познати имиња , не само од Македонија, од политичкиот врв, туку и од амбасадорите и естрадните ѕвезди.

-Пастрмката, калифорниската и златната, кои ги одледувам, бараат специјални услови, водата ја менувам 40 пати за 24 часа и тоа од реката Бабуна. Тука лежи тајната на квалитетната риба која е многу барана – вели Димовски. На падините од Јакупица и Даутица, покрај реките Тополка и Бабуна,  природата дала во изболие услови за одгледување на  здрава храна. Жителите од тоа и живеат, но затоа бараат  популаризација на нивното производство, бидејќи таквата храна на трепезите на ЕУ е најбарана.

- Многу е важно брендирањето на нашите производи. Произведувам сирење, чие целокупно производство се купува од дома, немам ништо да продадам на пазар, се завршува во Скопје. Тоа е многу барано и ќе биде уште подобро кога би имале заштитен знак, со географско потелко, ,прозиведено во Азот,,. Мислам дека тоа многу ќе им значи и на производителите и на купувачите – рече Љупчо Јовановски сточар од Теово.  На повеќе штандови можеа да се купат по пристапни цени градинарски, земјоделски и млечни прозиводи. Тука можеше да се набават познатиот богомилски грав, потоа кромид и компир од Теово, Согле и Ореше, сирење и кисело млеко од Мартолци, Оморани кое набрзина се продаде, што за организаторот занчи дека Саемот го оправдува неговото постоење.

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »