речник контакт

Во родната куќа на Рацин, одбележани 83 години од издавањето на „Белите мугри“

Историчарот Марин Клифов потсети дека книгата е извадена со помош на поетите Огнен Прица, Оскар Давичо и храброста на штампарот Шпулер

Петар Печков

Денешниот ден, 25 ноември, кога пред 83 години во хрватскиот град Самобор, беше илегално отпечатена книгата „Бели Мугри“, локалната власт го одбележа со настан одржан во родната куќа на поетот Коста Солев Рацин.  

Стихозбирката беше отпечатена со помош на Драгутин Шпулер, во неговата печатница во тираж до четири илјади примероци. За живото и делото на поетот говореше Марин Клифов.

„Рацин во тој период, есента  1939 илегално престојувал во Хрватска. За да ја издаде книгата голема поддршка имал од Комунистичката партија на хрватска од поетот Огњен Прица и од Оскар Давичо, кој тие години живеле и творел во Загреб. Не треба да се заборави и големата смелост на печатарот Драгутин Шпулер, кој и покрај забраната за печатење, и заканата од затвор,имал храброст тоа да го стори и да направи големо дело за Македонија и за Кочо Рацин, првата стихозбирка на македонски јазик „Бели мугри   “ кажа историчарот Клифов.

За големината и значењето на издавањето на антологиското дело „Бели мугри“ беседеше професорката од Велешката Гимназија  Соња Карбева.

Ученици од Гимназијата што го носи името на великанот,  ги рецитираа стихови од Рациновите „Бели мугри“.

Организатор на  одбележувањето на годишнината на „Бели мугри“ беше  Општина Велес а настапија и  ученици од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »