речник контакт

Во саботата навечер секој четврт возач во Велес, бил под дејство на алкохол

Во акцијата спроведена oд полицијата во Велес, Кавадарци и Неготино под дејство на алкохол биле 29 лица од 143 контролирани

Петар Печков

Во саботната акција на полицијата, се проверувало дали возачите возат под дејство на алкохол. Изведена е на подрачјето на СВР Велес а опфатени се три града и исто толку полициски станици – Велес, Кавадарци и  Неготино. Во Велес од извршените проверки констатирано е дека секој четврти возач бил под дејство на алкохол.  

Од страна на СВР Велес, во градовите Велес, Кавадарци и Неготино, беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 143  возачи и притоа кај 29 возачи е утврдено присуство на алкохол –изјави  Лазе Велковски директорот на Бирото за јавна безбедност. 

Или по градови, според бројките добиени  од  велешката полиција,  контролата покажала во Велес од 66 контролирани лица, под дејство на алкохол биле 15. Во Кавадарци и Неготино од по 40 односно 37 проверени возачи,  кај седум имало констатирано присуство на алкохол.  

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека  во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »