речник контакт

Во салата Гемиџии отворена аеробик сала

Таму ќе може да се вежба пилатес, фитнес и тоа двата пола, наспроти верувањето дека тоа е женска физичка активност

Петар Печков

Отворена е првата и засега единствена аеробик сала во Велес. Таа е лоцирана во салата Гемиџии, во поранешните простории на боксерите и каратистите. Влезот е од страната на Градскиот парк. Во неа  за почеток ќе може да се вежба пилатес. 

Нудиме  фитнес активности во рамките на пилетес,  аеробик, таебо, зумбу. Тие ќе се воведуваат во иднина, целта е да што повеќе велешани ги користат нашите услуги. Наспроти верувањето дека ова е активност само за жени, таа е и за мажи. Нека повелат и од дават пола и проверат дека вежбите не се лесни. Работиме со посетители над 16 години, работиме после 20 часот  Иле Попов инструктор и професор по физичко воспитување.

 

Откако минатата година започнавме со пилатес во салта ана ДТВ партизан, се зголеми интересот, имавме се повеќе топки поради што имаше потреба и за поголем простор. Затоа се решивме да уредиме еден дел од салата Гемиџии. Таа сега ќе ја изнајмуваме на сите заинтересирани и отстапуваме на корисниците. Вели Александар табаков директор на ЈП Парк Спорт. Салата е опремена со сопствени средства на вработените од ЈП Парк спорт, но засега не може да се каже која е нејзината вредност бидејќи таа е дел од еден голем современ фитнес центар. Со  него како иден чекор ќе се опреми боди билдинг сала, со што ќе се заокружи целиот овој  систем.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »