речник контакт

Во селата Мамутчево и Иванковци поставени хлоринатори, оти водата за пиење од селскиот водовод, не беше квалитетна

Двата хлоринатори се обезбедени со средства од буџетот на ЈКП Дервен

Петар Печков

Од почетокот на месецов, квалитетот на селските водоводи во Мамутчево и Иванковци, бил мошне лош, за што алармирале од Центарот за јавно здравје Велес.  Било констатирано дека има присуство на бактерија ешерихија коли.  Поради неисправност на водата обезбедени биле  две пумпи  за хлорирање на водата во овие две села.   ЈКП „Дервен“ итно ги поставиле овие два дозери.

„Во текот на средата  едната пумпа била монтирана на водоводната линија во село Мамутчево и со тоа  се врши дезинфекција на водата за пиење, која е повторно таа е безбедна. На водоводната линија во село Иванковци, пумпата се монтира во текот на денешниот  ден. По што жителите на ова населено место  имаат исправна вода за пиење“ - кажа  градоначалникот Аце Коцевски.

ЈКП„Дервен“ стопанисува и се грижи за водоводните линии во овие две села, а водата е од селските изворишта, а не од градскиот водовод на Велес.  Двата хлоринатори се обезбедени со средства од буџетот на ова јавно претпријатие.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »