речник контакт

Во село Горно Јаболчиште отворена пошта

Tаа ќе опслужува скоро 4.000 жители од селата Горно и Долно Јаболчиште

Петар Печков

Во селото Горно Јаболчиште свечено беше отворена  пошта на „Македонска пошта“, која ќе има еден вработен.

Со поштенски услуги таа ќе опслужува скоро 4.000 жители од селата Горно и Долно Јаболчиште, што значително ќе им биде во полза на жителите зашто досега тие за поштенски услуги патуваа во Велес. Главно, се работи за жители кои имаат членови од семејствата во странство и од нив редовно добиваат пакети и други пратки.

Генералниот директор на „Македонска пошта“ Рафиз Алити  истакна дека отворањето на поштата е мал, но многу значаен  чекор.

 Правиме и партнерство со приватниот сектор, кое се надеваме дека во иднина уште повеќе ќе го продлабочуваме, за жителите да имаат поквалитетна достава, нагласи Алити.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »