речник контакт

Во септемвриската акција се собирани 60 м3 габаритен отпад

И повторно најмногу се фрла стар мебел од домовите

Петар Печков

Од 26 до 30 септември се реализираше втората годинешна акција за собирање на габаритен отпад од територијата на град Велес. Преку најава до  надлежните служби во ЈКП Дервен, граѓаните исфрлале повеќе предмети, кои веќе не се корисни и не ги употребуваат.

„Со акцијата за габаритен отпад собрани биле  60  м3 отпад. Или  заедно со  августовската 200 м3. Велешани најмногу исфрлале стар мебел од домовите“ - соопштија од ЈКП Дервен.

ЈКП Дервен како давател на услугата, должен е еднаш годишно. да организира акција за собирање на габаритен отпад од корисниците на услугата, согласно Одлуката на Советот на Општина Велес, за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен отпад.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »