речник контакт

Во скопски Визбегово, велешанец како пешак удрен од автомобил

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди

Петар Печков

Петокот навечер, велешанец како пешак е удрен од автомобил и се здобил со тешки телесни повреди, скршеници. Деталите од информацијата на МВР и скопското обвинителство. 

„На 9 јануари во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во село Визбегово, скопско, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(20 год) од село Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц.(54 год) од Велес“ – информираа од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бол  увид од увидна екипа на СВР Скопје, за да се откријат причиние за сообраќајката.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »