речник контакт

Во сообраќајка тешко повреден првакот во ултра маратон Зоран Димов

На пешачки го удрил моторист кој исто така е повреден. Четврта сообраќајка на истиот премин летово. Зоран Димов е спортист на Велес за 2012 година

Петар Печков

Вечерва  на улицата Алексо Демниевски Бауман се случи сообраќајка во која има двајца потешко повредени, но надвор од животна опасност. Сообраќајката се случила во 18,45 часот кога моторист со голема брзина удрил  во  пешак кој ја преминувал улицата на пешачкиот премин.

Пешакот излезе од Амфитеатар од Младинскиот и се упати кон Градскиот стадион. Но мотористот кој возеше мошне брзо го удри и сериозно повреди во нозете. Брзата помош во два наврати двете лица ги носеше во Болница а еве се уште се гледаат крвавите траги – вели сведок на настанот.

 Полицијата ја потврди сообраќајката. Очевидците велат дека повредениот пешак е македонскиот државен првак во утлра маратон Зоран Димов –поштарот. Тој добил свршеници на нозете, поради тежината на повредата е пренесен на Клинички во Скопје.

Зоран Димов е спортист на Велес за 2012 година а во мај учествуваше на СП во далечинско трчање во Полска, кога за 24 часа истрча 188км.

  Повредениот пешак има повеќекратни скрешеници на двете потколеници.  Бидејќи е спортист потребна е посебна постапка за негова санација и лекување но и поради сериозноста на повредите рефрлен е на трауматологија во Скопе.  Мотористот има скршеници на стопалото и тој е пуштен  на домашна нега - изјави дежурниот доктор во велешката Болница Горан Јовиќ.

Иако локалната власт пред преминот постави легнати полицајци, тоа очигледно не им пречи на дел од возачите да возат со поголема од дозволената брзина.  Ова е четврта сообраќајка на овој пешачки премин летово, што  истиот го прави небезбеден за пешаците минувачи, кои поради близината на Градскиот стадион и салата Гемиџии се бројни.

Авторот не текстот имаше можност во четвртокот вечер, како и сите минувачи во тој период но и возачи на автомобили,  по завршувањето на концертот во Амфитеатарот околу 22 часот  во два наврати да види ист моторист   на јамаха, како од кај салата па близу до Бензинската на Макпетрол, вози на едно тркало со голема брзина. Истото може да се провери на безбедносните камери на Бензинската, мотористот беше  заштитен со кацига. Заради негова сигурност носеше кацига, а ако се случеше нешто  лошо , поради неговото бесно и недозволено возење по главната улица,  кој ќе ги штитеше останатите?

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »