речник контакт

Во среда велешките средношколци на кафе во Скопје

Максимално се користи бесплатниот железнички превоз секоја среда

Петар Печков

Велешките средношколци во среда на кафе во Скопје.  Ова не е никаква шега, туку пракса која подолго време се практикува од страна на младите велешани.  Тие на овој начин, ги користат бенефитите кои ги дава ЈП Македонски железници,  им се овозможува бесплатен  железнички превоз на средношколците. Повеќе го користат девојките, отколку машките.

Имаме воз околу пладне за Скопје, назад околу пет попладне, таман за прошетка. Одиме на кафе до Сити мол тераме дневна шема и назад дома. Ем денот исполнет а трошокот не е голем, се возиме бесплатно, ја плаќаме само пијачката. Ами треба ли да се подготвиме за факултет, кога ќе одиме во Скопје за некоја година, да знаеме што не чека   – вели девојка која се претстави дека е Александра.

Таа патуваше со уште пет другарки, од класот, во новиот кинески воз. Додава дека за ова знаат и нејзините дома и никој не се противел, целото задоволство не коштало повеќе од 200 денари.  И додека девојките одат на кафе и да бидат видени, машките помалку патуваат.  Во возот беа тројца другари.

Одиме да видиме скопски девојчиња. Ги гледаме на телевизија да видиме како е во живо. Може нешто спортска опрема да погледаме и патики по продавниците. Но само  за гледање, не и купување – вели Дарко.

Сите тие биле претпладне на училиште а попладне заминуваат за Скопје, во ,,живот,,.  Средношколците кои користат железнички превоз, треба да покажат само ученичка книшка, по што добиваат билет и можат да патуваат секоја среда, бесплатно  на дестинација, која тие ја одбираат.  Од железничка станица Велес потврдуваат дека има зголемен број на патници, средношколци.  

 Има повеќе патници, ученици кои ја користат оваа привилегија секоја среда.  Земаа карти и патуваат, најчесто за Скопје. Но каде одат и зошто патуваат, тоа не знаеме. Дали наместо на школо се во Скопје, тоа само тие знаат  – велат железничарите. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »