речник контакт

Во среда во Велес бесплатни прегледи за тироидната жлезда

Кампањата за подигање на свеста кај населението „Виолетов Караван 2016„

Петар Печков

Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден„ од Скопје кон крајот на Мај 2016 година ја организира Кампањата за подигање на свеста кај населението за тироидна жлезда „Виолетов Караван 2016„.

Централната активност на Кампањата ќе биде одбележување на Интернационалната недела за подигање на свеста за тироидната жлезда во период од 23 до 29 мај 2016 година во Скопје и градовите низ Македонија. Неделата ќе се одбележи на тој начин што во 7 седум града низ Македонија ќе бидат поставени мобилни ординации за преглед на лица именувана како „Виолетов караван 2016„.

Прегледите ќе ги извршуваат искусни доктори специјалисти од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и ЈЗУ Клиниката за ендокринологија во Скопје. Мобилните ординации ќе прегледуваат  по 8 часа дневно, два доктори по една четиричасовна смена и ќе можат да бидат прегледани по 100 лица дневно со симптоми на заболувања на тироидната жлезда и лица кои немаат симптоми.

Во Велес бесплатните ЕХО прегледи ќе се одржат на 25 мај 2016 год. од 9 до 17 часот пред театар „Јордан Хаџи  Константинов Џинот„. Прегледите ќе ги вршат Др.Синиша Стојановски и Др. Маја Здравковска од  Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »