речник контакт

Во судир на автомобил и моторист, жител на Бузалково со тешки повреди, префрлен во Скопје

Cообраќајната несреќа била помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ и мотоцикл „јинганг“

Петар Печков

Понеделникот околу пладне, жител на Бузалково, се здобил со скрешници, во судир на автомобил и мотор, поради што е префрлен на клиниките во Скопје. Се случила пред Управата за издавање на документи за лична идентификација.

„На 21-ри февруари во 11.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.Ј.(51) од Велес и мотоцикл „јинганг“, управуван од И.И.(56) од Бузалково, велешко, двете со велешки регистарски ознаки“- соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес.

“Донесен е пациент на ортопедија, кај кого се констатирани скршeници на колк и карлица. Поради специфичноста на повредите е префрлен на клиниките во Скопје“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Увидна екипа од СВР Велес била на месото на настанот за да се откријат причинети за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »