речник контакт

Во тек е второто теренско третирање од земја против комарци

Опфаќа површина од седум хектари покрај вода и водени површини

Петар Печков

Започнаа активностите за второ, есенско  ларвицидно теренско – третирање од земја, против ларви од комарци на територијата на Општина Велес.

„Теренското третирање од земја, против ларви од комарци се врши на територија од 7 хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување“ - соопштија од Општина Велес.

Операторот избран на јавен повик е  ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје, и согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, ќе бидат третирани: крајбрежјето на езерото „Младост“, делот кај езеро  „Јарбош“, Градскиот Парк, Градски Стадион, Младински Парк, по течението на реката Вардар, реонот на Дервенскиот поток и градските фонтани.
 
„Третманот се врши со препаратот „Биопрен“  4 ГР, ларвицид за комарци во вид на гранули, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени. Средството во вид  на гранули се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици“ - информираат од локалната власт.

Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, и е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2023 година согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

Општина Велес е една од седумте во Македонија кои врши две третирања против комарци, и од воздух и по земја.

 фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »