речник контакт

Во тек е второто третирање од земја, против ларви од комарци

Средството не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици. Теренското третирање од земја, против ларви од комарци ќе се изврши на територија од 7 хектари

Петар Печков

Од саботата започна второто третирање од земја против ларви од комарци. Тоа е во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести.

„Теренското третирање од земја, против ларви од комарци ќе се изврши на територија од 7 хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување“ соопштија од локалната власт.

По спроведена постапка за извршување на овие активностите за оператор е избран ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје, и согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, ќе бидат третирани: крајбрежјето на Езеро „Младост, езеро „Јарбош“, Градскиот парк, Градски стадион, Младински парк, по течението на реката Вардар , реонот на  Дервенски поток,  градските фонтани.
 
„Третманот се врши со препаратот „Биопрен“  4 ГР, ларвицид за комарци во вид на гранули, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно мапирани. Средството во вид  на гранули се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици“- додаваат од Општина Велес.

Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2022 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »