речник контакт

Во тек е уписот на деца кои ќе одат на рехабилитација на Пелистер

Триста деца од Велес во август заминуваат на Пелистер на здравстена рехабилитација. Цената е 3.400 денари за седум дена и потврда од доктор

Петар Печков

Друштвото на родители за грижа за здраво поколение (ДРГЗП), од Велес, започна со запишувањето за годинешната климатска рехабилитација "ПЕЛИСТЕР 2013". Сите заинтересирани, можат да ги запишат своите деца во просториите на друштвото, зградата на НВО, во Дворови, спроти градинката, секој понеделник, во 19:00 часот.

Рехабилитацијата  годинава ќе се одржи во две смени од по седум дена -  прва смена од 08. до 15. август  и  втора смена од 15. до 22. август 2013.

 Резултатите од рехабилитацијата кај децата кои заминуваат на Пелистер се покажуваат подоцна, во текот на годината, во зимските месеци. Во соработка со Министерството за животна средина и годинава ќе испратиме  деца од Велес, околу 300, како и уште сто од Возарци –Кавадарци, Осломеј Кичево  и Миладиновци близу Окта. Дел ќе партиципираат и родителтие за да имаме можнсот што повеќе деца да заминат – изјави Иванка Андовска претседател на  Друштвото на родители за грижа за здраво поколение
 
Годишната членарината  во Друштвото е 300 денари. Цената на партиципацијата за една смена е 3400 денари, со можност да се плати на три рати, првата рата заедно со запишувањето. Учесници на рехабилитацијата можат да бидат деца од 8 годишна возраст, до деца кои завршуваат основно училиште.

Помали деца можат да дојдат со родител и цената за нивниот престој изнесува 5200 денари. Потребни документи  при запишувањето секој родител треба да покаже важечки, личен документ и да се донесе потврда од матичен педијатар за потреба од рехабилитација на детето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »