речник контакт

Во тоалетот од Затворот во Велес пронајден хероин

Пакувањата хероин биле пронајдени во одводот од затворскиот тоалет

Петар Печков

Вработен во затворот во Велес, пријавил дека пронашол повеќе пакувања на хероин. За случајот известена била  полицијата.  

„На 27 октомври околу 16.10 часот во Полициската станица Велес, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово - Отворено одделение-Велес било пријавено дека во одводот на затворскиот тоалет, пронајдени се  повеќе пакувања со хероин. Полициски службеници излегле на местото и дрогата била одземена за понатамошна постапка“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во велшки затвор казната ја отслужуват лица до пет годишен затвор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »