речник контакт

Во топилницата нема работни активности

Ненадејна посета на еколошките инспекции во топилницата по забелешките дека таму нешто се работи

Петар Печков

По добиените сознанија дека во Топилницата за олово и цинк во Велес започнале ремонтни активности и подготовки за рестартирање на инсталацијата, на барање на Општина Велес, извршен е заеднички инспекциски надзор на општинскиот и државни инспектори за животна средина, а со цел да се утврди веродостојноста на добиените сознанија. При надзорот бил извршен комплетен увид на погоните, опремата, постројките, локациите за суровини и кругот на инсталацијата.

Од извршената инспекција е констатирано дека во Топилницата не се вршат никакви активности - ниту градежни, ниту ремонтни, ниту производствени. Во постројките нема напојување со електрична енергија и сите се надвор од функција. Резервоарите за сулфурна кислеина се испразнети со активностите и превземените мерки на Министерството за животна средина и просторно планирање. Надлежните органи продолжуваат будно, со должно внимание и со висок приоритет да ја следат состојбата и случувањата во Топилницата за олово и цинк Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »