речник контакт

Во третото коло сефте за одбојкарите на ГОК Борец

Пораз за кошаркарите во Втората лига и пораз за ракометарите на МРК Борец во Првата лига

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец во третото коло од Првата лига,  ја забележаа првата победа. Во Сушево -струмичко, против истоимената екипа славеа со максимални 0:3.  Во новото првенство екипата на велешкиот лигаш, која пролетва играше во финалето - за Куп и за титула, е во осетно изменет состав, со многу млади одбојкари. Во следното коло   во Велес гостува составот на ОК Вардар од Скопје, кој исто така ова коло ја забележа првата победа.

Кошаркарите на КК Борец на гостувањето во Скопје на втората екипа на МЗТ, МЗТ Уни баскет се поразени со 75:64. И двете екипи досега имаа ист биланс по две победи и две порази. По ова петто коло велешани се на делба на 8-то место со екипа на КК Мега баскет, која токму следниот викенд гостува во Велес.

Во осмото коло од Првата ракометна лига, МРК Борец  кај второ пласираниот РК Драчево загуби со 58:18 ( 26:6) Нов пораз за велешани во оваа конкуренција, каде лани во текот на сите натпревари немаа освоено ниту бод. Тие се последни во групата „Б“ без освоен бод. Во следното коло играат дома со РК Текстилец од Штип кој е  6-ти од осум екипи. ВО ова коло лидерот во групата „Б“ РК Бисинов беше слободен, а во следното играат со РК Кичево кој е четврто пласиран со 6 бода.

фото ФБ/ГОК Борец

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »