речник контакт

Во трите крводарителски акции во средните училишта, собрани 90 крвни единици

Од нив 32 се првократни дарители

Петар Печков

Во трите доброволни дарување на крв во три од четирите средни училишта во Велес собрани се 90 крвни единици. Од нив 32 се првократни дарители.

Најмногу има собрано во училиштето кое има најголем број матуранти и вработени, „Коле Неделковски“ 37 од нив 11 се првократни. Во Хемиското „Димитрија Чуповски“ има собрани 31 крвна единица од нив 14 се првократни а во Гимназијата Кочо Рацин имало 22 крводарители со 7 првокрaтни.

Поради малиот број на ученици, неколку години наназад не се органзира во средно економското училиште „Јовче Тесличков“.

Во средните училишта се организираат по две крводaрителски акции, една на пролет и една на есен. Крв даруваат учениците и вработените во училиштата.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »