речник контакт

Во трите крводарителски акции од средните училишта од Велес собрани 121 крвна единица

Во „Коле Неделковски“ собрани рекордни 58, што е најмногу во едно училиште последните пет години

Петар Печков

Заврши пролетната акција на крводарување но средните училишта во Велес. Во три од четирите, собрани се вкупно 121 крвна единица, од нив 75 се од лица кои прв пат даруваат крв.. 

Најмногу во „Коле Неделковски“ 58 од нив 32 за прв пат дарувале крв.  Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во традиционалната пролетна крводарителска акција дарувани се  34 крвни единици а 20-тина од нив даруваа за прв пат и официјално станаа крводарители.  Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, во  крводарителската акција собрани се  29 крвни единици, 23 за прв пат. Поради малиот број на матуранти, во Економското училиште „Јовче Тесличков“ акцијата не е изведена.  

„Во крводарителската акција изведена во „Коле Неделковски“ собрани се 58 крвни единици , што е најмногу за една акција во средно училиште во градот,  во последните пет години. За успешноста на акцијата голема заслуга имаат мотиваторите за крводарителството во ССОУ Коле Неделковски, Златко Здравковски и Горан Богоевски. Во „Димитрија Чуповски“  поголем дел од дарителите 25 биле од женски пол, а само четворица се од машки“- соопшти Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес. Иста таква крводрителска акција ќе се изведе уште еднаш, наесен во  средни училишта од Велес.   

Крводарителските  акции во трите средни училишта  заеднички ги  изведоа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата учествувале и   волонтери од Клубот на млади.

Минатата година Велес, заедно со  дарителите од општините Градско и Чашка дарувале   3.677 крвни единици,од нив 438 за прв пат. Со ова Велес беше на трето  место во земјава по крводарување по Кавадарци и Виница. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »