Петар Печков
Објавено: петок, 12 декември 2025
Co крводарителската акција во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес заврши есенското доброволното дарување во средните училиште во градот. Во Гимназијата учениците, професорите и вработените даруваа 17 крвни единици, од нив 8 лица за прв пат.
Најуспешна беше таа во „Коле Неделковски“ каде беа 42 крвни единици, 38 од нив за прв пат даруваа крв. Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ биле собрани вкупно 20 крвни единици, 11 од нив дарувале за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Во Економското училиште Јовче Тесличков поради малиот број на матуранти, кои можат да даруваат крв, ваква акција не се одржува неколку години.
Или вкупно во трите крводарителски акции во средните училишта, учениците, вработените и професорите дарувале 79 крвни единици, од нив 57 за прв пат.
Вакви акции се организираат напролет и наесен.
Во ланските есенски беа собрани 83 крвни единици а пролетва 90.
| Tweet |







