речник контакт

Во учебната 2017-18 во прва година средно во Велес има 1054 слободни места

Деветто одделение завршуваат 499 основци. Во Гимназија наесен два класа помалку

Петар Печков

Според планот за упис во наредната учебна  година, 2017/18 година во четирите средни училишта во Велес има  1.054 места. Тој е доставен до Министерството за образование и наука, кое го распишува конкурсот за упис.  

Со него за следната учебна година се планира да се запишат во прва година 1054 ученици во 31 паралелки од кои 30 на македонски наставен јазик и 1 паралелка на албански наставен јазик. Во Гимназијата бројката е 238 ученика, во Коле Неделковски  е 340, во Димитрија Чупоски 238 и во Економското Јовче Тесличков  238 ученици.  

Локалните власти  овие бројки  ги темелат на: просторни услови, соодветност на наставниот кадар, опременоста со нагледни средства, како и интересот и потребите на учениците,високо- образовните институции и работните организации.

Истовремено во општинските основни училишта во велешко оваа година  учат вкупно 499 деветоодделенци, од кои настава на македонски наставен јазик следат 463 ученици и 36 ученици на албански наставен јазик.  Локалните власти  очекуваат во велешките средни  да се запишат и деветтоодделенци од соседните општини  Градско, Чашка и Лозово.

Споредбено со тековната учебна година,  се планира помал број слободни места и тоа   68 помалку  и сите во Гимназијата, каде досега се запишуваа 306 ученици а од есен ќе има 238 места или два класа помалку.  Утешно е  што зголемен е бројот на деветто одделенци кои завршуваат 499, спроти ланските  354.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »