речник контакт

Во училиштето во Долно Јаболчиште одржана „Компиријада 2024“ (фото)

Манифестацијата обезбедува поддршка и промоција на локалните производители на локално и регионално ниво

Петар Печков

Во Основното училиште „Илирија“ Долно Јаболчиште се одржа годинашната Компиријада 2024. Манифестацијата е за прв пат одржана 2010 година организирана од  локалната самоуправа на Чашка и училиштето.

Неколку години наназад е поддржана како локална манифестација од Министерството за земјоделие. Настанот беше збогатен со програма изведена од учениците од училишето а пристуните имаа можност да ужуваат во планинскиот сончев ден, и околината која беше под снежна покривка.

Основна дејност на населението до Долно Јаболчиште е полјоделие  и сточарство. Гостите имаа можност да вкусат специјалитети подготвени од компир и костени, по  кои, овој крај е надалеку познат.

Во рамките на настанот децата од прво до петто одделение од училиштето добија новогодишни пакетчиња.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »