речник контакт

Во февруари во Велес вакцинирани скромен број од 703 граѓани

Најмногу 69 отсто oод вакцинираните се со трета доза. Продолжува вакцинацијата и во домашни услови

Петар Печков

Во вториот  месец од годинава, февруари  во вакциналниот пункт во Здравен дом Велес, аплицирани се 703 граѓани што е далеку помалку отколку во јануари со  1.246 вакцини за заштита од ковид-19.  Или  просек се аплицирале  35 на ден. Со прва доза се вакцинирани  77 -11 отсто, со втора доза 142 -20 отсто и со трета доза 484  лица, што е 69 отсто од тие што примиле вакцина во јануари. Ова се бројките добиени од ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Освен од Велес тука доаѓаат да примат вакцина и граѓани од соседните општини Чашка, Градско и Лозово.  Сите тие се вакцинирани со вакцината „фазјер“. Има и вакцини „Синовак“ за прва и втора доза и доколку некој пациент изрази желба, може да се вакцинира со неа. Трета доза е исклучуво „Фајзер“.

Во оваа бројка се и вакцинираните во домашни услови, на лица кои се болни, немоќни, неподвижни.  Нивната вакцинација продолжува  со претходна најава од страна на заинтересираните.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »