речник контакт

Во февруари намален бројот на сообраќајки во велешко, зголемено е откривањето на кривичните дела

Во овој период нема регистрирано жртви во сообраќајните несреќи

Петар Печков

На подрачјето на Велес во февруари 2023 година се регистрирани 16 сообраќајни незгоди додека истиот месец во 2022 година нивниот број изнесувал 22, што претставува намалување за 27%. СВР Велес нема регистрирано жртви од сообраќајни незгоди за посочениот период на подрачјето на Полициска станица Велес, соопштија од велешката полиција .

„Особено радува статистичкиот податок во врска со сообраќајните незгоди случени во населба и нивниот број за месец февруари 2023 година изнесува осум, додека во месец февруари 2022 година 13, што е намалување за 38%. Тренд на благо намалување се бележи и кај сообраќајните незгоди случени на отворен пат и нивниот број за месец февруари 2023 изнесувал осум, додека во месец февруари 2022 тој број бил девет“ - информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.  

Што се однесува до процентот на откривачката функција за месец февруари 2023 година од велешката полиција соопштија дека тој изнесува високи 57%, со расчистени 13 кривични дела, од кои 10 тешки кражби, и по едно  разбојништво, разбојничка кражба и  кражба.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »