речник контакт

Во февруари најлош квалитет на воздухот во земјава со ПМ 10 честички имало во Велес

02 иницијативата констатирала дека во февруари има зголемување на денови со ПМ 2,5 честички во Велес

Петар Печков

Мерната станица Велес 2 бележи зголемување на денови со многу лош воздух во месец феврруари  со ПМ10 честички. Овој месец најлош воздух во Македонија имал Велес, потоа Лисиче, Кичево и Струмица. Ова се констатациите на 02 иницијативата за квалитетот на воздухот во Велес во вториот месец од годинава, февруари.

Во  однос на ПМ 2,5 честичките, во февруари  има големување на денови во однос на јануари, еден ден повеќе. Просечната загаденост  била 60,31  а ПМ 2,5 честичките се сметаат за многу опасни по здравјето на луѓето.

Додека просекот за ПМ10 бил 99,81 што е co два пати повисока вредност од граничната 50 мг/м3. Од 21 ден во февруари кога се мерело на станицата, која се наоѓа во населеба Тунел, 19 дена биле со повисоки вредности нaд граничната. Мерната станица Велес 2 е сопственост на Министерството за животна средина.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »