речник контакт

Во центарот „Шепа“ за бездомните миленици, сместени се првите кучиња од Велес, од дворот на Гимназијата

Се подготува и втор налог, за бездомни кучиња од три локации од градот, дополнително ќе се одлучи кои ќе заминат во Шепа

Петар Печков

Од почетокот на минатиот месец започна со работа регионалниот центар за хуман третман на бездомните миленици „Шепа“, лоциран во Глишиќ, Кавадараци. 

Засега од Велес таму се сместени неколку кучиња и тоа се првите што ги наполнија кафезите. Ова го кажа градоначалникот Марко Колев, на последната седница на Советот, одговарајќи на советничко прашање.

„Потпишан е првиот налог, тоа беа кучиња од дворот на Гимназијата. Тие се веќе сместени во  ценатарот. Се подготвува втор налог, дали ќе биде за кучињата од кај паркингот кај Супер кит го, Вел сит или Автобуска, ќе одлучиме дополнително“ – рече Колев. 

„Со градење на вакви центри, граѓаните да не очекуваат дека од утре нема да има кучиња на улиците, туку дека тие кучиња ќе бидат кастрирани, прегледани, вакцинирани и чипирани. Неговата  цел  е неконтролираното разможување  да биде во контрола“ –кажа Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, на отворањето на центарот. 

Колев најави дека се подготвува измена на законската регулатива, со која нема згрижувањето на бездомните животни да биде ограничено на 40 дена по што се враќаат таму каде биле заловени, туку да останат во шелтер центрите. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »