речник контакт

Во шест училишта во Кавадарци утрово пријави за поставени експлозивни направи

Учениците и наставниот кадар се евакуирани

Петар Печков

Анонимни дојави за поставени бомби во шест   основни и средни училишта во Кавадарци ги евакуираа учениците од школите. Од Полицијата информираа дека  пријавите се добиени утрово на електронска адреса на училиштата.

„Утрово  во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на шест училишта, три средни и три основни, во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“- соопшти Ристе Самарџиев , портпарол на СВР Велес.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев информираше дека поради непосредна близина на едно од училиштата евакуирана е и градинка во село Марена.  Евакуирани  биле   учениците од основните училишта ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново,  Гимназијата ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци, шумарското средно ,,Ѓорче Петров'' и  средното ,,Ќиро Спанџов Брко“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »