речник контакт

Во јануари воздухот во Велес со високи вредности на ПМ 2,5 честички

О2 иницијативата соопшти дека во јануари годинава воздухот во Велес 24 дена бил загаден повеќе од дозволените вредности, со ПМ 2,5 честички кои се сметаат за мошне опасни по здравјето на човекот

Петар Печков

Според податоците на О2 иницијативата во јануари годинава воздухот во Велес 24 дена бил загаден повеќе од максимално дозволените вредности, со  ПМ 2,5 честички. Тие се сметаат како мошне опасни по здравјето на човекот  а само седум дена бил под дозволените вредности и тоа на почетокот на месецот. 

О2 иницијативата нивната статистика ја поврзуваат со податоците добиени од мерните инструменти на Министерството за животна средина, од автоматската станица Велес 2.  

Или во просек воздухот имал вредности од 42,69 мг/м3 со ПМ 2,5 честички.  Велес во однос на загаденост е заедно во врвот,  со градовите  Гевгелија, Гостивар, Струмица, Прилеп, Берово, Тетово, Кичево.

Од податоците може да се заклучи дека на почетокот на месец јануари немало високи вредности, но од ден во ден тие раснат,за да на крајот од првиот месец годинава 22-29 достигнат до степен „лошо“ и  на 30 и 31 јануари „многу лоши“  вредности. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »