речник контакт

Вода лекоита во град Велес

Каде се имало лековити води во Велес, по пишувањето на Кузман Шапкарев

Петар Печков

Од страната кај црквата Свети Спас во г. Велес, колку три череци од саат зад Свети Спас, имат една вода лекоита, до едно дебело дрво. Во коренот на дрвото имат една дупка, така сама од себе напраена од дрвото кога растело. Секоја година на ден Свети Илија одаат мнозина велешани кај таа Свети Илиова вода да се мијат болните и да се провираат низ дупката од дрвото.

Мнозина болни луѓе што биле и оздравеле, пак ќе одаат на Свети Илија тамо за да се мијат и  да се провираат низ дрвото, чунки сет таксани уште кога се поболиле, да одат на Свети Илија кај водата и курбан ќе колат. Уште од вечерта спроти Свети Илија, сите што сет таксаните ќе се спремаат со се што му требат: за јадење, и пиење и ќе одат уште од вечерта тамо. Како на манастир кога да одаат, така и кај дупеното дрво одаат; секој којшто е таксал, ќе си земи; родеи или пријатели да ’и гоштаат. Сите што ќе одаат тамо, ќе се разредат околу водата да седат и ноќта да лежат.

Тамо одат и Турци и друзи, Власи, Еѓупци. Челгии ќе имат што ќе свират вечерта и утрото. Сите што си имаат таксани курбаните ќе и заколат околу водата и ќе и зготват за ручек за да и ручаат. Едни ќе колат: јагниња, друзи брави, треќи кокошки, четврти петли, петти пијкои (патори), шести гуски, а најпоеќе јагниња. Има и неколцина попои што ќе и пеат курбаните и ќе му ’и земат кожите од јагнињата, подарок за вакавот (црквата). Откоа ќе се исколат курбаните, ќе си ’и готват за ручек.

Попоите ќе крстат вода, и после сите ќе се мијат од водата за здравје и ќе се провираат низ дупеното дрво. Откоа ќе ручаат, ќе свират чалгии ќе пеат едни и тукуречи страшен џумбуш ќе праат; и што ќе си тргнат за в град да си дојдат, сите радосни и весели ќе си дојдат, и секој што не бил кај водата, ќе му велит:

За многу години и на помош да му е Свети Илија!
Друг човек ми кажа оти пред неколку години некој Маџири Турци го пресекле дрвото дупено и се фатиле и од нозе и од раце тие Маџири.

Друга вода лекоита саботна во Велес. Во местото дервино имат една вода лекоита. Таа вода мириса на ќуќур. Кај таа вода одаат во сабота да се мијат болни и неолни.
Пред десетина години сакаа да ’а напраат како ауз, арно ама не знам како излегло некоја пречка, и не ја напраија.

Треќа вода лекоита неделска во Велес. Неделска вода ет близу кај црквата Свети Димитрија. Од таа вода се мијат секакви болни и неолни и оздравуаат. Кому му е за здравеење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »