речник контакт

Водата од водоводот во Лозово е квалитетна и исправна за пиење, порача градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски

Тој во прилог на ова ги објави резултати од испитувањето на водата за пиење од Центарот за јавно здравје Велес

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски, на неговиот ФБ профил објави дека водата од водоводот во населбата Лозово е квалитетна и исправна  за пиење. Тој за ова ги приложи  резултатите од испитувањата, на квалитетот на водата кои ги извршил Ценатарот за јавно здравје Велес.

„Веќе подолг временски период врз основа на бројните шпекулации и врз основа на НЕ ЛИЦЕНЦИРАНИ фирми кои импровизираат во домовите кај одредени жители на населено место Лозово, при што целта е со ставање на одредени супстанци, да докажат дека водата е неисправна за користење, за да може да егзистираат на пазарот со продажба на филтри прочистувачи. Водата е безбедна за користење и нема простор за грижа од страна на жителите. Здравјето на сите е колективна грижа од страна на надлежните институции“ – напиша градоначалникот Цветковски.

Тој во прилог на ова тврдење  ги приложи  фотографии од направени испитувања од страна на лиценцираната установа ЦЈЗ Велес, во која детално е опишано место, датум на земање на примерок и со овластени потписници.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »