речник контакт

Водите на езеро Младост и Градскиот базен се единствено препорачани за капење во Велес, реките Вардар, Бабуна и Тополка се бактериолошки загадени

Водите од базените на хотелите во градот биле препорачливи за рекреација

Петар Печков

Од повеќето рекреативни излетнички места, каде велешани ги минуваат летните горештини, исправна за капење и рекреација, се водите на езерото Младост и Градскиот базен.

Сите други, реките Бабуна и Тополка во долниот тек и реката Вардар во целиот тек низ Велес не се препорачливи ниту з а капење, ниту   за поливање и за наводнување или поење на стока,  оти се бактериолошки загадени.

„Само водите на езеро Младост и Градскиот базен  се епидемиолошки сигурни и може да се користат за капење и рекреација. Испитувањата на квалитетот на водите од езеро Младост се врши на две плажи  -Романтик и Градска плажа на влезот од езеро и сите осум параметри за периодот мај - јули одговараат на бараните микробиолошки критериуми “ - кажа спец. д-р Снежана Петрова  од Центарот за јавно здравје Велес (ЦЈЗ).  

Испитување на квалитетот на водите на река Вардар  кај Велес се врши на две мерни места,  на влезот кај мостот на Башино село и на излезот  кај Долни Дуќани.  Анализите покажуваат дека водите се во четврта класа по присуство на амонијак и бактериолошка контаминација. 

Квалитетот на водите на река Бабуна се врши на едно мерно место  викано „Прва плажа“, кај фудбалското игралиште.  Водите на река Бабуна се во трета класа по бактериолошка контаминација.  

Реката Тополка во долен тек, пред вливот во река Вардар  е во трета класа по бактериолошка контаминација.

Сите овие води не треба да се користат за капење, рекреација и наводнување, констатираат од Центарот за јавно здравје. 

Тие го мерат и квалитетот на водите на базените од хотелите во градот и сите контроли на водата покажале дека таа е препорачлива за  рекреација. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »