речник контакт

Воз без возен ред

Четврток вечер два часа патници чекале воз на Железничка во Велес. Утрово не сгитнале возовите од Кочани и од Скопје

Петар Печков

Вчера вечерта на Железничка станица во Велес патниците два часа чекале возот да продолжи за Скопје Утрово ги немало утринските  возовите од Кочани и локалот од и за Скопје. Патниците се жалат на услугата на Македонски железници.    

Вечерниот воз кој во  20,10 тргна од Скопје за Битола, дојде во Велес   околу 21ч. Тука беше два часа. Го чекаше возот од Битола кој по редот на возење требаше да стигне во 21,15 но дојде во 22.40ч. па патниците во станицата во Велес  се префрлаа од еден во друг воз. Хаос. Никој ништо не кажува што се случуваше, но 120 минути да се биде на едно место е несфатливо – вели патник кој  бил меѓу стотината кои тргнале за Битола.  

Патниците дополнуваат дека до Велес стигнале со електрична локомотива, и бидејќи пругата до Битола не е електрифицирана, возот стоел во Велес. Кога стигнал дизелот од Битола тие се префрлиле во електричниот и се упатиле до Скопје. Додека патниците кои стигнеле  до Велес со електричниот се префрлиле во битолскиот кој бил дизел и така стигнале до Битола.

Додаваат во ноќните часови околу 2 по полноќ, наместо во 23 часот.  Претставник на МЖ за овој настан информираше дека поради доцнењето на возовите дошло до нивно непредвидено чекање на Железничка во Велес.  

Пладневниот воз во 14,30ч.  од Скопје за Битола во старт доцнеше еден  час. Бидејќи истиот по пристигнувањето во Битола, веднаш се враќа за Скопје поместено беше за одредено време  неговиот ред на возење.  Патниците сепак стигнаа до нивните одредиште – изјави соговорникот.  

Дека патничкиот сообраќај зимава во МЖ не е во ред покажува и тоа што утрово не сообраќале патничкиот воз од Кочани за Скопје, кој во Велес доаѓа во 6,57 ч. како и локалот кој од Скопје наутро  во 4,15 ч. вози   до Велес и веднаш во 6,10ч  се враќа назад.  Укинат е и ноќниот воз кој сообраќаше од Скопје за Битола во  1,40ч.  како и обратно за Скопје  кој во Велес беше во 23.07 .  него го користеа бројни велешани кои работат во Скопје.  Беше најавено дека поради зимските снежни услови е времено укинат, но условите се подобрија но возот не е вратен во сообраќај.

фотографија од патник, кој во четвртокот вечер чекал дв часа на Железничка во Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »