речник контакт

Воз повреди четворица емигранти кај Миравци, избегната трагедија

Среќа е што минале со лесни повреди. Лани есента по македонските пруги загинаа осумина бегалци

Петар Печков

Меѓународниот патнички воз од Солун за Белград, во понеделникот вечер  налетал на група бегалци од Блискиот исток, при што се повредени четири лица. Настанот се случил околу 20 часот, кај железничката постојка Милетково, близу Миравци.

Експресниот воз според кажувањата на машиновозачот налетал на поголема група бегалци, која  броела околу 30-тина лица, и  се двиѓела по пругата.

При тоа биле неколкумина удрени, па во прв момент се стравувало дека има повеќе бегалци загинато. По доаѓањето на екипи на СВР Гевгелија бил пребаран теренот и најдени се покрај пругата  четворица повредени бегалци, додека останатите избегале. Истите се пренесени во гевгелиската Болница.

Од МВР го потврдијаа настанот, при што прецизираа дека емигрантите се здобиле со полесни телесни повреди. Поради инцидентот, железничкиот сообраќај од и кон Гевгелија беше во прекин два часа.

 Последните три месеци од минатата година на македонските пруги загинаа осумина бегалци, кои илегално ја преминале македонската граница, и по пругата се упатуваа кон Србија и земјите на ЕУ, за нив посакуваната цел.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »