речник контакт

Воз усмрти емигрант, среде Велес

Ова е петта жртва за десет дена, сите на пругите на МЖ

Петар Печков

Утрово  ова на Македонски железници усмрти бегалец емигрант, кој се движел по пругата. Настанот се случил во Велес, во близина на спортската сала Гемиџии, нешто пред 6 часот. Според очевидците група од 20-тина лица се движела по пругата Кочани - Велес, кога наишол товарен воз од правецот  Гевгелија за Скопје. 

Од необјасниви причини лицето ја напуштило групата и преминало на пругата каде сообраќал возот, по што бил удрен и починал на лице место.  По ова бегалците се разбегале, но наишла друга група од 10-тина лица, која била приведена од страна на полицијата, додека вршела увид. 

Од СВР Велес информираа дека се работи на откривање на идентитетот и возраста на лицето, за кое е извесно дека е бегалец  од Блискиот исток. Ова е петта жртва на беглаци емигранти, кој загинаа во четири одвоени железнички несреќи, сите на пругата Велес- Гевгелија. Поради несреќата железничкиот сообраќај на пругата Велес – Гевгелија три часа беше во прекин.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »