речник контакт

Возач бегал пред полиција, удрил во полициско возило, побегнал а превезувал мигранти

Во возилото „ауди“ со скопски регистарски таблички биле пронајдени 10 Индијци

Петар Печков

Возач кој превезувал мигранти, бегал пред полицијата, удрил во полициско возило, ги оставил миграните и побегнал. Ова се случувало ноќеска на автопатот Гевгелија - Скопје, близу Демир Капија.

„Ноќеска 9-ти октомври, околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно -транзитниот центар Гевгелија“- соопшти  Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Извршен бил увид на лице место од вработени  од Полициска станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »