речник контакт

Возач во Неготино во пијан удрил во продавница и побегнал, пијана жена од Кавадарци со остар предмет го нападнала сопругот

Возачот имал 3,15 промили алкохол во крвта, жената 2,61 промили алкохол

Петар Печков

Возач  во Неготино во алкохолизирана состојба удрил со автомобилот во деловен објект, па побегнал. Подоцна бил пронајден од полицијата, по што било констатирано дека возел во високо алкохолизрана состојба. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 24 јануари во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ј.С.(39 год) од Неготино. Тој на крстосница од улица „Партизанска“ со крак на улица „Партизанска“ во Неготино, со патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, удрил во деловен објект, по што го напуштил местото. По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени на улица 4-ти јули во Неготино, при што било констатирано дека Ј.С. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,15 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 

Возачот  бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.


Во Кавадарци утрово уапсена жена, која во алкохолизирана состојба го нападнала сопругот и  го повредила.  Повеќе за инцидентот од соопштението на СВР Велес.

„На 25 јануари во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна жена од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 

Жената била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »