речник контакт

Возач на камион урнал бандера близу Долно Караслари, па дел од селото и автопатот останале без струја

Непознатиот возач побегнал

Петар Печков

СВР Велес информираше за инцидент кој се случил неделата вечер, кога возач на камион урнал бандера близу Долно Караслари, па дел од селото и автопатот останале без струја

„На ден 14 јануари, сабота, околу 18 часот на влез во село Долно Каласлари-Велес, се случила сообракајна незгода во која НН лице управувајки ТМВ со прикачено приклучно возило непозната марка и рег.број, удрило во електричен столб (дрвена бандера) раставувач за Трафостаница Ајдар, сопственост на ЕВН, при што дошло до спој во трафостаницата поради што без електрична енергија останале неколку околни куќи, како и клучката на делницата од автопатот  село Долно Каласлари. По незгодата возачот го напуштил лице местото“ – соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Од незгодата е причинета материјална штета која дополнително ќе биде утврдена. Полицијата презема   мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »