речник контакт

Возач од Владиловци во алкохолизирана состојба удрил во оградата на мостот кај Стари Град

Против возачот полицијата ќе поднесе кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“

Петар Печков

Нов случај на возач кој возел во алкохолизирана состојба, при што удрил во оградата на мостот кај Стари Град. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 16 јануари  во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.П.(43 год) од село Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионален пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река „Бабуна“, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,45 промили алкохол во крвта“- соопшти Ана Миливевска Ѓорѓиева. 

Возачот  бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него, полицијата ќе  поднесе пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

фото МВР архива

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »