речник контакт

Возач со автомобил удрил мајка и ќерка на пешачки, девојчето почина, сторителот е во бегство

Инцидентот се случил околу 22,15ч. во близина на ОУ Васил Главинов

Петар Печков

Сообраќајка во која смртно настрада 11 годишно девојче, кое со родителите минувало на пешачки премин.  Инцидентот се случил околу 22,15ч. во близина на ОУ Васил Главинов во Велес а сторителот  е во бегство. Според сведоци на настанот, возачот бил во бел мерцедес а таткото веќе бил стапнат на тротоарот , додека мајка и ќерката  биле при крајот од   пешачкиот, кога возач кој возел брзо ги удрил.

„На ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29 год) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43 год) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес. До 11ч. лицето за кое се сомнева дека го управувал возилото,  побегнал и не беше пронајден, полиција трага по него.

Од ударот детето било исфрлено десетина метри подалеку а  сведоците велат дека на автомобилот му паднале регистарските таблички, по што е откриен неговиот   идентитет. Семејството живеело во близина на местото каде се случила сообраќајката.   

„Во 22.,15 добиен е повик за сообраќајна несреќа и на лице место се упатени две возила. Детето било  во мошне тешка состојба, мајката со повреди на глава, пренесени се во Болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната помош.

Во Велешка Болница биел примени тројца пациенти, таткото, мајката и детето.

„Кога во 22,30 се примени пациенти,  докторите кај детето можеле да констатираат смрт. Мајката е снимена компјутерски, имала рана на глава која е санирана и повреда на нога. Утрово е пуштена на домашно лекување. Таткото имал силна вознемиреност и гушење, тој е примен на Интерно одделение.  И тој утрово е пуштен дома“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

И од ОЈО Велес ги потврдуваат сведоците, дека возачот возел брзо.  

„Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар. Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало. Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот“ - информираа од ОЈО Велес.

Издадена и наредба за обдукција на телото на починатото девојче. По добиени сознанија за возилото и возачот – причинител на сообраќајната несреќа, СВР Велес по насоки на јавниот обвинител презема мерки за негово пронаоѓање.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »