речник контакт

Возач со автомобил удрил полицајка

Во друг случај, автомобил излетал од коловозот, двајцата патници завршиле во велешка Болница

Петар Печков

МВР информираше за два настани кои се случиле во средата. Во нив има еден потешко и двајца полесно повредени.

Средата на 28-ми август  во 17,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Богомила - Стари Град пред крстосницата за село Мартолци патничко моторно возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(44) од Велес излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Т.Б.(42) и биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош..

Средата на пладне, на 28-мки август  околу 11.50 часот на улица „Ангел Мишев“ во Велес, на крстосницата „Стар мост“, патничко моторно возило марка „опел корса“, управувано од Е.Б.(49) од село Мелница, Чашка, удрило во полициска службеничка од СВР Велес при извршување работни задачи од областа на сообраќајот. Повредената е пренесена во Општа болница Велес, каде ѝ биле констатирани телесни повреди. 

И во двата случаи увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се превземаат мерки за расчистување на сообраќајките.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »