речник контакт

Возачите на автопат близу Велес, запознаени со обврската за користење зимска опрема

Тоа е дел од кампањата “Користи зимска опрема“

Петар Печков

Денес 12 јануари,  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Велес на автопатот А1 реализираа превентивна активност во рамки на кампањата “Користи зимска опрема“.

“На возачите им се укажуваше  за важноста и за законската обврска за задолжително поседување и носење на зимска опрема за возилата, а во интерес на нивната безбедност, како и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот’- соопштија од МВР.

На возачите им биле делени едукативни печатени материјали, за користење на зимската опрема, обезбедени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »