речник контакт

Возачите на итната помош бараaт да се врати правото на предимство во сообраќајот, но и повисоки плати и исплата на бенефицираниот стаж

Возачите на амбулантните возила имаат плата пониска од минималната

Петар Печков

Возачите на амбулантните возила на  Јавните здравствени установи побараа, колите  повторно да бидат со предимство во сообраќајот, како што било се до 2008-та. Оттогаш била променета регулативата,  па заедно со возилата на полицијата и пожарната, немаат предимство во сообраќајот. Ова беше кажано на средбата на Независниот синдикат на медицинскиот персонал (НСМП)  која се одржа во Велес.

„Поради брзо возење имаме колеги кои добиваа казни. Кога сме во сообраќаен метеж, полицијата не дозволува да минеме со предимство, бидејќи за живот се работи. Докторот во колата вели „вози побрзо“ а јас него мора да го слушам. Возила со предимство сега се само возилата за придружба “  -  кажа Боре Трпков, од НСМП.

Возачите на амбулантните возила на Јавните здравствени установи  на средба  ги актуализираа проблеми со кои се судруваат во нивната работа. Тоа се однесува на примена на Законот за работни односи, Законот за здравствена заштита, Општиот колективен договор во јавниот сектор , како и Колективен договор во здравствен сектор на ниво на ЈЗУ. Конкретно сите возачи на амбулантите возила на ЈЗУ не добивале  иста плата и не добивале бенефициран стаж.

„Согласно Законот за минимална плата  возачите се под неа со примањата, па се прават одредени финансиски додатоци со кои платата да се мине во УЈП, за да земат минималец.  Потоа не се исплатува бенефициран стаж. Ова не се однесува само на возачите,туку и не персоналот од Итната помош. Возачите во Психијатриските болници не им следува бенефициран стаж иако тие се и болничари и возачи на санитетско возило во овие установи“ - рече  Горан Ристевски  претседател на Независен медицински синдикат на Македонија.

Затоа е формирано координативно тело, кое ќе преговара со Министерот за здравство  за надминување на овие проблеми. Рок на решавање немаат, но велат доколку не се најде ќе има протести. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »