речник контакт

Возачот виновен, но нема да биде казнет

Таткото и сопруг, кој ја предизвикал сообраќајката нема да добие казна

Петар Печков

Гога Спирковски (33 год)  од Скопје  е виновен за сообраќајката во која загинаа неговата сопруга и неговиот син, но тој нема да биде казнет. Така одлучи судијата Шефкет Адеми, кој го работеше овој предмет во Основниот суд во Велес.  

Во пресуда која во писмена форма е доставена до странките пишува дека ,, судот го ослободува од казна, зaтоа што кривичното дело е сторено од небрежност и последиците од делото обвинетиот го погодуват така тешко, што изрекувањето на казна во таков случај не би одговарало на целта на казнувањето,,.

Против Гога Спирковски беше поднесен  обвинителен предлог  за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици. Сообраќајката се случи на 26 мај во  18.45 часот, минатата година  кога Спирковски со  автомобил марка ,,Мазда 3,,  возејќи од Гевгелија кон Скопје со брзина од околу 109,77 км/ч. на делница каде брзината била лимитирана на 120 км/ч. налетал на камион  на Македонски пошти, кој со еден дел бил на  коловозната лента,  а   претходно  удрил во друг камион, кој бил сопрен на десната коловозна лента.

И возачот од поштенското возило и на маздата изгубиле контрола од отсјајот од сонцето, кое им попречило во управувањето, откако имале рефлексија преку водата  која ја имало на коловозот, иако денот  не бил дождлив. Сообраќајката се случила на 2 км пред наплататната рампа кај Градско. Спирковски на крајот од процесот само кратко изјави дека се чувствува за невин, откако сите рочишта ги следеше со нарушена психичка состојба, за што имаше и лекарско уверение.

Тој по секое рочиште беше во солзи и тешко го преживуваше судењето за сообраќајката во која смртно настрадаа неговата сопруга и неговиот четиригодишен син.  Судијата оштетените, таткото, мајката и братот на загинатата, кои бараа секој по два милиони денари обесштетување, или вкупно шест,    ги упати имотно -правното барање да го остварат во граѓански спор.  

Обвинетиот бил должен да ги следи хоризонталната и вертикалната сигнализација да ја  прилагодува брзината на условите на патот. Тој тоа не го сторил, поради  што предизвикал сообраќајна несреќа во која им  две починати лица - рече во завршниот збор обвинителката Славица Темелковски.  

Бранителот на обвинетиот Спирковски, адвокат Благица Арсовска со став дека Спирковски е невин, а вината е во возачот на поштенскиот камион, кон непрописно обележал за  незгодата.  

Во оваа сообраќајка имаме три жртви, во која освен двете починати лица е и обвинетиот кој има сериозни психички трауми.  Сите три лица во автомобилот биле  со врзани сигурносни појаси, детето на задното седиште  со обезбедено специјално столче, се движел со брзина  која е во  рамките на пропишаната за автопат. Никаде немало предупредување дека доаѓа на лизгав коловоз а знакот за предупредување од сообраќајка на патот бил поставен преблиску, не на пропишаната далечина - рече Арсовска.

Во предметот имаше две спротивставени вештачења едно на одбраната  од   техничкиот советник  Никола Ермановски -  пензиониран сообраќаен  инженер и на обвинителството- вештачењето на вешто лице  Стоилко Златковски од  Техничко факултет од Битола.

Судот  даде доверба на вештачењето на Златковски и одлучи дела Спирковски е виновен оти ,, бил должен да ја приспособи брзината  на движењето на својствата и состојбата на патот, видливоста , прегледноста, атмосферските услови, за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка. Доколку возел со 80 км/ч. сообраќајната незгода немало да  се случи,,. Пресудата не е  правосилна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »