речник контакт

Воздухот во Велес безмалку секој ден во декември, загаден со високи вредности на ПМ10 честички

Највисока вредност била на 19 декември 94,4 мг/м3

Петар Печков

Од десет дена во декември, како повторно е активна мерната станица на Министерството за животна средина во Велес, осум дена измеренети вредности биле над граничните 50 мг/м3, или имало загадување на воздухот.Ова се однесува на ПМ10 честичките.

Највисока вредност била на 19 декември 94,4 мг/м3. Само на 15 и 21 декември вредностите биле под максимално дозволената вредност 50 мг/м3.

Часовните измерени вредности преку  мрежата на   AirCare покажува дека воздухот најмногу е загаден во вечерните часови од 16 до 22 ч. или наутро од 8 до 9 ч. што укажува дека причината не е индустријата или сообраќајот во градот, туку греењето во домаќинствата. Мерната станица се наоѓа на ул. Благој Ѓорев во дворот на детската градинка, клон Тунел.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »