речник контакт

Возејќи во рикверц прегазил пешак

Сообраќајката со смртни последици, се случила во близина на Градскиот пазар

Петар Печков

Во саботата попладне  велешанец возејќи во рикверц прегазил пешак, кој починал на лице место.

Според СВР Велес  сообраќајката со смртни последици се случила на   улица .„Нада Бутникошарева“, во близина на Градскиот пазар околу 16,15 часот.

До  сообраќајна незгода дошло кога  автомобил  „Фиат Дукато“ со велешки регистарски ознаки управувано  од А.Б. (42), возејќи наназад удрил во пешакот Богдан  Јованов (83) од Велес.

Тој од здобиените повреди  починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Брзата помош.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »