речник контакт

Возило излетало од патот кон Раштани, возачот со тешки телесни повреди

По извршениот увид ќе биде позната причината зошто возилото излетало од патот

Петар Печков

Вчера, среда напладне, возило излетало од патот  кон Раштани, возачот се здобил со тешки телесни повреди.

 „На 9 август во 12.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на локалниот пат село Раштани-Велес, товарно моторно возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(59 год) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“ - соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »