речник контакт

Возови без возен ред

Повеќе стотина патници од Велес, но и од Гевгелиско и Кочанско во понеделникот не стигнаа навреме на работа, училиште, факултет бидејќи утринските возови кон Скопје доцнеа со часови.

Петар Печков

Повеќе стотина патници од  Велес, но и од Гевгелиско  и Кочанско во понеделникот не стигнаа навреме на работа, училиште, факултет бидејќи утринските возови кон Скопје доцнеа со часови. Ова откако возот од Гевгелија кој во Скопје требаше да стигне во 6,30 часот во Велес дојде во 8 а тој од Кочани кој на железничката требаше да биде во 7,15 стигна во 8,40 часот. Ваквата ситуација создаде револт кај патниците, кои требаше да стигнат на работното место, учениците и студентите на настава, трети на закажан лекарски преглед.

- Ова е срамота што го прават Македонски Железници. Откако не навивкаа на доцнење од 10-15 минути, кое е вообичаени и стандардно, денес ја претераа. Да се чека возот со саати на реалција од стотина километри е недолично. Оправдување нема. Можат да се организираат и реагираат брзо, да ни обезбедат превоз а не вака на студот да чекаме на отворено – велат геневните велешки патници. Околу 600 корисници од градот секојдневно со месечен билет за 1.600 денари патуваат до Скопје и назад. На сета мака,  користејќи ја велешката изрека, додаваат дека побргу ќе стигнеле со на ,,Аџи Пешо пајтонот,, отколку со воз на МЖ. Лути се што и чекалната на Железничката станица не ги исполнува стандардите за толкав број патници. Откако дознале дека возовите доцнат на неодредено време, заминале на Автобуската станциа во Велес. Таму слична глетка. Приливот на голем број патници не бил во можност да го примат автобусите кои сообраќаат до Скопје.

- Имаше само по 2-3 слободни места во автобус а ние толку многу, па се создаде нервоза и редици, кој прв да влезе а сите брзаме. И тука моравме да чекаме да се качиме за Скопје. Како ќе им објаснам на моите претпоставени дека физички не бев во можност да дојдам на работа. Во ова време на брза технологија со ваков возен парк и возови иа втобуси, ние сме во одамна  минато  заборавено време – велат велешани. Еднствено корист од овој настан имаа велешките таксисти кои ги превезуваа патниците од Железничка до Автобуска а некои и до Скопје за 150 денари во еден правец. Патниците од правецот на Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Градско или Кочани и Штип, кои се затекнале во возовите  немале избор, па морале да чекаат тие да стартуваат, уживајќи во погледот  од возот на отворена пруга. Некои од нив поради тоа што возот доцнел го пропуштиле терминот за закажан лекарски преглед.

- Требаше на Клиника да бидам  во 9,30. Терминот ми беше закажан  уште пред два месеци, сега  оставам на докторот да се  смилува и ме прими или пак  да чекам уште некој месец  за нов преглед – разочарно објаснува пациент од Кочани, беспомошно слевајќи со рамениците. Од ЈП Македонски Железници – Транспорт им се извинуваат на патниците за настанатите проблеми и одговорија дека причината за доцнењето на возот од Кочани бил дефект на отворена пруга на машината, додека на тој од Гевгелија е немањето на струја на далноводот Велес – Дуброво.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »