речник контакт

Возовите и доцнат и преполни

Железница прифаќа дека патиците се во право.Тие пак бараат да се обезбедат патнички вагони, како што за Скопје се купени 220 градски автобуси

Петар Печков

Нередовни возови без возен ред, малку место за патниците, нечисти вециња, ова беа најчестите поплаки кои велешани изворно му го пренесоа на раководството на ЈП Македонски Железници транспорт. Тоа дојде уште рано, во шест часот наутро на Железничката станица во Велес да види на лице место со какви се проблеми се судруваат патниците од најфреквентната станица во Македонија.

Ова откако во понеделникот, поради немање на доволно место во вагоните, тие го блокираа железничкиот сообраќај на станицата во Велес.  Од неа секој ден  повеќе од две илјади патници тргнуваат, најмногу кон Скопје, на работа или на училиште и факултет. Но условите со кои се возат се мошне лоши, што го признаваат и од МЖ.

   Еве и раководството може да се увери, првиот воз кој требаше да дојде од Битола  во 5,40 стигна во 6,10, следниот од Гевгелија наместо во 6,32 дојде во 6,50. Како јас на шефот на работа во 8 часот да му кажам дека доцнам, затоа што не дојде возот на време. Не е само денес, ова е секој ден. Велат дека е поради ограничената брзина и затоа доцнеле, како тогаш може експресниот деловен воз ,,Пелагонија,, од Битола да биде секогаш на време. Листата на поплаки е долга,но лошо е што не се преземеа ништо да се решат проблемите. Кога може за Скопје да се купат 220 автобуси, зошто не и за Македонија патнички вагони   – вели еден од петстотината велешани кои со месечен билет секојдневно патуваат на релацијата Велес – Скопје и обратно. 

И додека тие тргнаа кон Скопје, патниците кон Битола немаа среќа, возот од место, од Скопје во тргнување доцнеше еден  час. Тоа ги револтираше педесетината лица утрото тргнале во тој правец. Затоа пак возот од Кочани, на велешката станица дојде 15 минути поради од предвидените. Патниците се пожалија и на недоволниот број на патнички вагони,  во кои можат да се  качат. Посебно лошо е на почетокот и крајот од работната седмица и за празници, кога се најголеми гужвите. Возот се користат и од пациенти, кои имаат закажано лекарски прегледи на некоја од клиниките во Скопје, но поради доцнењето, се случува да не стигнат на време и прегледот да им пропадне.

Во последните два месеци се случија  три сериозни инциденти на железницата  со по тричасовно задоцнување, предизвикани од дефекти, прегрејување на локомотивите.  Од железницата велат дека доцнењето на возовите во Македонија, на годишно ниво во просек е пет минути, колку што било и во Европа. Проблеми единствено го имало на релацијата од Велес до Скопје и е поради ограничениот број на патнички вагони и локомотиви. За 20 години во земјава нема ниту еден нов вагон или локомотива. Тие моментално располагале со 30  патнички вагони од кои употребливи биле половината, 15.

Дојдовме на лице место да се увериме, во утринскиот шпиц каква е состојбата на железничката станица во Велес, најголемиот железнички јазол во државата. Патниците оправдано реагираат и револтот јас го разбирам. Но мора да  знаат дека ние како Транспорт правиме крајни напори сообраќајот да се одвива нормално и без проблеми. За жал фактите се поразителни, имаме превозни средства стари од 35 години па нагоре, кој  се случува секој ден да се расипат. Од тие причини, како пред некој ден,  кога имаше инцидент,не можете да реагирате и помогнете со други вагони  бидејќи ги нема. За да ја надминеме ваквата состојба и да го амортизираме притисокот  на патниците,  ќе реновираме повеќе патнички вагони а дел треба и да се завршени кои веднаш ќе бидат пуштени во промет – вели Оливер  Деркоски  директор на ЈП МЖ Транспорт. 

Тој дел од проблемите и вината ги припиша и на  ЈП МЖ инфраструктура и побара и тие да си ги завршат обврските. Колку е економско работењето на железницата покажуваат и бројките дека за трите фирми, Транспорт, Инфраструктура и Фабриката за Шински возила Колска, каде вкупно работат 3,2 илјади лица секој месец за плати се потребни 2 милиони евра. А железницата толку пари собира за цела година од сите  два милиони патници во земјава.

Финансиската инјекција која Владата започнал да ја дава од пред три години, со субвенционирање на патничкиот сообраќај во висина од 3 милиони евра годишно, добро доаѓала за санирање на финансиските дупки. Владата добила кредит од 17 милиони евра, пари кои ќе бидат употребени за набавка на три електрични и два дизел  гарнитури. Но  тие ќе можат да бидат пуштени во употреба, по најмалку три години, откако ќе завршат тендерите и  изработката, бидејќи возовите не биле како автомобилите, плати и носи. Возовите се плаќале па се изработувале, па по некој период мерен во години, се подигнувале.

 Од Велес секојдневно во Скопје на работа,  на училиште и факултет патуваат  околу три илјади лица. Најголем дел до нив со воз, бидејќи цената на месечниот билет е 1,5 илјади денари, додека со автобус таа чини 4 до 5 илјади денари, во зависност од превозникот.  Последен пат цената на билетот е покачена во далечната 1995-та година, иако во меѓувреме и струјата и нафтата неколку  пати ги зголемија нивните цени.

 Од железница како  пример за недисциплина и непочитување на законот го посочуваат настанот летово кога патник пушел во возот. Иако тоа е со закон забрането и му било укажано да ја угасне цигарата, тој одбивал. Поради тоа на железничката станица Рајко Жинзифов возот стоел одека дошла полиција да го отстрани пушачот. На крајот возот во Велес стигнал со 40 минути задоцнување, поради инаетливиот патник.

 Чекалницата  на велешката железничка станица е град слика, со искршени прозори, без греење. Од ЈП МЖ Инфраструктура   најавуваат нејзино скоро реновирање. Имаме добиено средства од ИПА фондовите со кои ќе обновиме две траси и 5 до осум железнички станици, меѓу нив и велешката. Приоритетен е коридорот 10 Табановци – Гевгелија, кој носи економски профит. Планираме да ја обновиме и пругата од Битола до Кременица, границата до Грција,  во должина од 16 км. Ова е трасата  10-Д, со што и таа ќе стана меѓународна. Ова треба да заврши до 2014 година и тие ќе изгледаат европски. Меѓу другото на нив ќе се градат пристапни рампи за лицата со посебни потреби за да можат и тие да патуваат со железница – велат од ЈП МЖ- Инфраструктура.
 


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »