речник контакт

Возрасната група на најчестите заразени лица во велешко, е помеѓу 30 и 40 години

Состојбата со ковид-19 во Велeс денес, 18-ти март. Колку и каде ковид вирусот го има во јавните институции, здравството и училиштата во Велес?

Петар Печков

Последните недела дена се бележи  значителен пораст  на лица заразени со  ковид-19, најчесто се од градот Велес а има спорадични случаи од општина Чашка и Градско.  Нема дефинирано јасни кластери, меѓутоа  возрасната група на најчестите заразени лица е помеѓу 30 и 40 години. Зголемена е преносливоста меѓу граѓаните и често се јавуваат случаи на асимптоматски заразени кои го шират вирусот во велешко- рече д-р Весна Николовска Неделкова, директор на Центар за јавно здравје Велес.

Податоците за корона вирусот,  кои на прес конференцијата на Општинскиот кризен штаб беа презентирани за јавноста.

Во велешко денес на пладне,  имаше активни 365 случаи, од нив 322 се на домашно лекување  43 во велешка Болница. Во гарнизонот на АРМ  имало пет позитивни лица , во СВР Велес едно позитивно, ЈКП Дервен две лица. Од здравствените работници во градот има позитивно само едно лице, медицинска сестра од Здравствен дом. 

Межу вработетние од  локалната власт, музејот, библиотеката, противпожарната единица, Интернатот нема позитивни н ковид-19.  

Бројката на деца и ученици кои се позитивни и не посетуваат настава или не одат во градинка, се пет и 114 во изолација, како и  девет наставника и воспитувачи поради тоа што се позитивни и  19  во изолација.

Во основните училиште има  еден позитивен ученик  и 43 во изолација, еден наставник позитивен и  три во изолација.
Во средните училишта се  двајца ученици позитивни, три се во изолација,   еден  професор е позитивен  а ќетворица се  во изолација.Во градинка  имало две деца позитивни а 68 во изолација , како и  седум  воспитувач позитивни,  12 во изолација.   Една паралелка во ОУ Св. Кирил и Методиј ќе премине на учење на настава он лајх.

Во периодот од 1-ви март до   вчера  17-ти март, СВР Велес констатирало   265 не почитувања на носење заштитна маска и  11 лица за  непочитување на полицски час.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »